Gecko ICT компанијата е основана во јули 2015 година со мисија да
обезбеди успешен развој на софтверски решенија следејќи ги светските трендови во ИТ
индустријата. Нашата главна дејност е софтверски инженеринг, со развој на интегрирани решенија
вклучувајќи дизајн, одржување како и решенија за хардверска инфраструктура. Исто така имаме
развиено одреден број на посебни услуги, како што се интернет маркетинг и мрежни решенија, кои
многу често стануваат составен дел на готовиот производ.
Gecko ICT тимот се состои од искусни професионалци и тие се, како и во повеќето други компании
во нашата област на активност, темелот на нашата компанија. Тие, исто така, го застапуваат и
карактерот на компанијата, нејзината филозофија и вредности. Нашите тимови се мотивирани и
насочени кон постигнување на поставените цели.
Ние работиме на три континенти во дванаесет различни земји. Разновидност на нашите клиенти и
култури е вистинска валидација на нашиот концепт за развој, како и репрезентација на драгоцено
искуство во делот на нашата меѓународна соработка. Ние не сме off-shore компанија за развој, но
нашите клиенти се наоѓаат во различни делови на светот.